СТРАВОТНИ ОБВИНУВАЊА на сметка на Груевски, Миленко, Латас, Мијалков од Бранко Героски: Знам кој од вас се дрогира, кој е вонбрачно дете, кој има неверна жена и децата не се негови, ги знам вашите оргии, немојте да продавате морал, вие сте една банда на развратници и исфрустрирани типови!

0
4551

Жестока колумна на Бранко Героски на порталот Плусинфо. Еве го најинтересниот дел, инаку колумната изобилува со убави историски споредби со антиката и нивно поврзување со сегашноста, вистинско ремек дело:

Затоа, сакам сериозно да ги предупредам шупциве дпмнеовски, ако си мислат добро себеси (нам не ни мислат добро, тоа е јасно), да не морализираат многу, да не продаваат евтини приказни за семејните вредности и за другите морални доблести што не ги поседуваат, оти сѐ се знае и ќе дојде време кога сѐ ќе си се обелодени. Се знае од какви семејства потекнуваат лажните моралисти. Се знае кои се нивните Филиповци и телохранители убијци. Се знае кој е најславниот рогоносец во фамилијата на дворот и која е неговата Олимпија. Се знае кој ги организира оргиите, кој е ероменосот. Се знаат и неговите конкубини. Се знае кој е „незаконитото дете“ и исфрустрираниот син, еквивалентот на Александар. Се знаат и нашите Хефести и Багоаси. Се знае кој се замислува мудар како Соломон, а реди златни плочки на својот престол. И секако, се знае кој сето тоа мора да го издржи и да го продаде како „успешна приказна“, па за да го поднесе тој неморал, тоа зло невидено, мора да шмрка кокаин, да дува марихуана, да цевчи виски и да блуе отрови во медиумите.

Целата колумна на следниов линк.