ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ ОД НАСЕЛБАТА РИД ДА ИМААТ СВОЈ ПОКРИВ НАД ГЛАВА ЧИЈШТО ДОМ НЕОДАМНА БЕШЕ ОПОЖАРЕН

0
103

🙏 Денеска ги посетивме нашите сограѓани во населбата Рид, чии што куќи беа опожарени синоќа. Немилиот настан оставил голема материјална штета, иако нашите храбри пожарникари од ТППЕ Прилеп интервенирале во најбрз можен временски рок!

Како градоначалник на Прилеп, заедно со Пратениците и Советниците, ја понудивме нашата помош и ги уверивме засегнатите семејства дека институциите ќе преземат сѐ што е во нивна надлежност за да им помогнат во оваа тешка ситуација.
Покрај институционалната поддршка, убеден сум дека и нашите сограѓани и многу општествено одговорни компании ќе ја покажат својата хуманост и солидарност!

Ве охрабрувам сите да се вклучиме и да им помогнеме на овие семејства повторно да застанат на нозе.

Во моменти како овие, најважно е да останеме обединети и да им покажеме на нашите пријатели и комшии дека не се сами!

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.