Германската амбасадорка Алтхаузер распука по режимското сваровски судство

0
1045

Судиите и јавните обвинители не можат да се справат со притисоците – ова денеска го порача германската амбасадорка во земјава Кристине Алтхаузер пред дел од претседателите на судовите, академици и универзитетски професори кои дебатираа за независноста на судството, пренесе 24 Вести.

Алтхаузер констатираше дека самиот избор на специјален јавен обвинител кој треба да расчисти одредени индиции за криминали покажува дека како што рече – работите не се како што треба да бидат.

Претседателката на Врховен, Лидија Неделкова, која пред неколку денови обвинуваше дека медиумите вршеле притисоци врз работата на судиите денеска на дебатата ретерира и призна дека има проблеми со независноста на судството.

Неделкова, повикувајќи се на извештајот на Прибе призна и дека досега требало да се работи на спречување на притисокот врз судиите додека претседателот на МАНУ Владо Камбовски очекува заблешеките на Прибе за судството да се најдат и во извешатојот за напредокот на Македонија кој наскоро треба да го објави Европската Комисија.

Од мисијата на ОБСЕ во земјава пак, порачаа дека постојат индикации за неоправдано влијание при назначувањето на судии годинава.