ЗАПРЕТЕ ГИ БУГАРИТЕ УШТЕ НА ГРАНИЦА ИЛИ ЌЕ БИДЕ ЦИРКУС – АКО НЕ РЕАГИРА ДРЖАВАТА ТОГАШ ЌЕ РЕАГИРААТ ГРАЃАНИТЕ, ПРЕДУПРЕДИ ЈАКИМОВСКИ

0
695

Мислам дека провокацијата што ја спремаат одредени групи од Бугарија на 4 февруари на гробот на Гоце Делчев не треба да ја дозволиме, порача лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, апелира до власта на 4 февруари превентивно да делува и да ги сопре најавените автобуси од Бугарија со цел да се избегнат инциденти.Тој воедно предупреди доколку не се случи такво нешто дека ќе бидат повикани граѓаните да дојдат во голем број за сами да ги спречат најавените провокации од бугарска страна.

– Мислам дека провокацијата што ја спремаат одредени групи од Бугарија на 4 февруари на гробот на Гоце Делчев не треба да ја дозволиме. Според мене треба да се спречат тие автобуси да ја поминат границата. Во спротивно илјадници македонски граѓани ќе се соберат и тогаш ќе биде циркус – порача Јакимовски во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.