ДАНЕЛА Е ЕПСКИ НЕСПОСОБНА ЕДНА ЕЛКА ДА УКРАСИ – ЌЕ СЕ ВОЗИМЕ БЕСПЛАТНО КОЛКУ ШТО ИМА ЛАМПИОНИ НА ПЛОШТАД: СКОПЈЕ СЀ УШТЕ БЕЗ НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ, ОД ГРАДОТ ВЕЛАТ НА 31 ДЕКЕМВРИ ЌЕ ИМА ДОЧЕК И ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАД

0
1020

Плоштадот зјае празен, во средина стојат само дрвени куќарки поставени пред десетина дена за фестивалот на италијанска храна.(Фото: К. Попов)

Плоштадот Македонија во Скопје сè уште е без новогодишна елка, а не е поставена ниту една светилка и лампион кои ги симболизираат и најавуваат новогодишните и божиќните празници. Иако градоначалничката Данела Арсовска преку видео обраќање најави дека центарот на градот ќе почне да се украсува од 10 декември, Плоштадот зјае празен. Во средина стојат само дрвени куќарки кои беа поставени пред десетина дена кога се одржуваше фестивалот на италијанска храна.

Од кабинетот на градоначалничката Арсовска не кажаа конкретно зошто се доцни со поставување на елката и новогодишните украси, туку само одговорија дека китењето треба да се изврши од 10 до 15 декември.

„На Плоштадот Македонија ќе има скромен дочек на Новата година со домашни изведувачи и огномет. Прославата ќе биде организирана и регулирана со почитување на сите протоколи за ковид-19“, додаваат од кабинетот на Арсовска.

Од таму не ни одговорија на прашањето кој ќе го организира „Винтерленд“, каква програма ќе има и кога ќе почне, ниту кои домашни пејачи ќе настапат за дочекот на Нова година.

За „Винтерленд“ од буџетот на Градот се одвоени околу 32.000 евра. Украсување на Скопје, како што кажа Арсовска, ќе биде бесплатно бидејќи на нејзиниот повик се јавиле општествено одговорни компании, а фирмата „Линк медиа плус“ се согласила спогодбено да го раскине договорот од 240.000 евра.