ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ЌЕ БАРА ИЗВЕШТАЈ ШТО РАБОТЕЛЕ ВО ВЛАДА СОВЕТНИЦИТЕ ЉУБЕ БОШКОВСКИ И ЦАЦКО КОНОПИШКИ

0
954

Тој, како иден премиер најави и промени во премиерскиот кабинет, односно на советниците од досегашниот кабинет на екс премиерот Зоран Заев, при што првично ќе прави ревизија на резултатите на досегашните советници.

„Веднаш побарав листа на сите советници. Гледам дека според називите не се сите советници. Можеби некој врши линиска работа во текот на работниот ден. Мојот иден шеф на кабинет го заложив да подготви еден извештај во кој ќе се видат резултатите на советниците“, додаде Ковачевски.

Инаку, мандатарот Димитар Ковачевски вчера во гостувањето на ТВ Телма објави дека преговара со две угледни македонски експерки кои работат во Англија и Германија како можни советнички во екот на економската и енергетска криза која ја зафати и државава.

„Меѓу новите советници ќе биде наша Македонка, професорка на „Ворвик“, бизнис школата во Англија, која ќе биде советник за финансии, која е еден од најголемите светски експерти во делот на корпоративните финасии и даночната сфера. Ќе ни биде од голема помош. Во план сум да разговарам со уште една Македонка, која е дел од Берлинскиот универзитет во областа на енергетиката“, соопшти Ковачевски во емисијата „Топ тема“.