ДАВКОВА – СИЛЈАНОВСКА : ВЛАСТА НЕ КРЕИРА РАЦИОНАЛНИ ПОЛИТИКИ, ДА БЕШЕ ТОА ТАКА ОД ОБРАЗОВАНИЕТО ПА СЕ ДО МЕЃУНАРОДНАТА ПОЛИТИКА НЕМАШЕ ДА СЕ ЧУВСТВУВАМЕ ПОНИЖЕНИ!

0
38

Оваа власт не креира рационални политики! Да креираше рационални политики, почнувајќи од образованието, здравството, социјалната заштита, меѓународната политика, ние немаше да се чувствуваме понижени!

Се наоѓате пред многу важен момент, да донесете клучна одлука! Како да го направите изборот? Прашајте се, прво, дали подобро живеете? Дали ви е подобра економијата? Дали ви е подобро здравството? Дали ви е подобра социјалната заштита? Дали  се чувствувате посигурни?

Дали вие сте горди на оваа власт? Дали мислите дека власта е горда на вас? Дали мислите дека се горди на Македонија ако се плашат да го изговорат тоа име? Дали мислите дека се горди на сите кои гинеле за Македонија ако постапуваат, не според државните и националните интереси, туку според личните и олигархиските интереси? дека часовникот го отчукува заминувањето на оваа делигитимирана власт и дека набрзо ќе го отчука времето на промените врзани со новата власт!

Како на претседателско ниво, така и на парламентарно!