ГУВЕРНЕРКТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОСКА ОБЈАСНИ ЗОШТО ИНФЛАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА Е ДВОЈНО ПОВИСОКА ОД ПРОСЕКОТ НА ЕУ

0
498

Растот на инфлацијата во Македонија е 20 отсто, а истовремено просекот на земјите-членки на ЕУ во истиот период е околу 10 отсто.Гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во разговор за Блумберг Адрија, објасни дека тоа се должи на големата зависност на Македонија од трговијата и недоволното производство на сопствена енергија.„Вкупната трговска отвореност кај нас е 140% од БДП, а во ЕУ околу 70%.

Тоа значи дека ние имаме помалку домашни ресурси за да ги ублажиме тие надворешни шокови, со кои се соочуваме. Многу е важна и зависноста во сегментот на енергијата и енергетската интензивност. За да произведеме една единица БДП, ние трошиме во просек трипати повеќе енергија од ЕУ. Кај нас храната и енергијата во потрошувачката кошничка учествуваат над 50% до 55%, а во ЕУ е малку над 30%“, рече гувернерката.

Во однос на различниот раст на инфлацијата кај различните земји, гувернерката ги посочи структурните фактори, но и видовите на мерките коишто ги преземаат носителите на политиките.„Исто така, многу се важни мерките коишто се преземаат, во која мера тие се насочени за спречување на порастот на цените или се мерки коишто се поцелни. Да не го заборавиме и прашањето за степенот на конкуренција којшто постои во економијата којашто е многу значаен пазарен механизам за движењата на цените. Поради сите овие фактори, еден ист глобален шок се одразува со различен интензитет во различни економии“, вели Ангеловска-Бежоска.