Инспекторката која донесе решение за рушење на дел од спорниот објект на Панчевски не смее да постапува по предметот

0
1130

На инспекторката која донесе решение за рушење на два ката и поткровје од спорниот објект на Владимир Панчевски, да ѝ се забрани да постапува по тој предмет. Тоа е единствнета мерка која од судот ја побарало скопското обвинителство откако реши да гони општински инспектор кој сака да руши дивоградба а не оној што наводно ја направил дивоградбата, информира Алсат.

Адвокатот на осомничената инспекторка, Филип Медарски, вели дека на таа одлука ќе мора да се почека.

„ По предлогот од обвинителството ние побараме изземање на сите судии, односно целиот скопски кривичен суд по овој предмет. Причината е што предметот се однесува токму на претседателот на судот, Владимир Панчевски со што е доведена под знак прашање непристрасноста на судот. Ова прашање мора да добие одговор пред било каква одлука  за забраната која ја бара обвинтиелството“, вели Медарски.

Одбраната на осомничената е вчудоневидена од целиот предмет, затоа што инспекторката се товари за злоупотреба на службена положба и овластување поради наводно непочитување на постапката за достава на документи. Дури и да имало таква грешка, вели Медарски, во таков случај постои правен лек кој се вика жалба. Во спротивно, додава,  сите процесни или админстративни грешки на сите службеници па и на судиите ќе завршувале на суд.

Информацијата за упадот на обвинителството во општината Центар но и решението кое вели дека претседателот на најголемито суд во земјава гради дивоградба среде Скопје, беше објавена вчера. Случајно или не, акцијата на обвинителството дојде откако завчера побаравме и добивме став од Панчевски за темата, за приказна која требаше и се  емитува следниот ден.

Во изјавата од четвртокот за нас, Панчевски тврдеше дека не бил запознаен со решението за рушење на два ката и поткровје од зградата во која е дел од инвеститорите. Вчера пак, изјави дека деновиве имал средба лично со градоначалникот Жерновски токму за објектот.

Општината и денес тврди дека Панчевски бесправно си доградил два ката и поткровје, спротивно од одобрението што му го издале. Во прилог на нивното тврдење, велат дека за доградбата не се платени комуналии