ГРУЕВСКИ : НЕ СУМ СЕ СРЕТНАЛ НИТУ СО ГРУБИ НИТУ СО МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ВО БУДМИПЕШТА НИТИ ИМАМ КОМУНИКАЦИЈА СО ДАНЕЛА АРСОВСКА

0
480

Деманти на интригите на исплашените политичари…

Драги Митковски никогаш не ми бил ниту формален, ниту неформален советник, поточно никогаш не сум побарал, ниту добил совет од него. Информацијата за собирањето потписи за партијата на Данела Арсовска ја добив од медиумите и немам никаква комуникација, поврзаност или соработка со било кој од двајцата.

Ова е демант на објавите на некои портали од кој видливо е дека имаат намера да направат конструкција очигледно излезена од една партиска кујна.

Со Драги Митковски живеев во исто маало како дете од мојата седма до некаде околу петнаесет годишна возраст, по што околу две децении немав ни случајна средба со него. Потоа неколку пати се сретнавме на годишен собир на некогашни деца од тоа исто маало, повеќето одамна иселени од таму, каде што секој со секого разговара и се фотографира и од каде имаме заеднички фотографии, и во неколку други случајни или спортски настани.

Со Данела Арсовска како што еднаш објавив сум имал отприлика 6-7 службени средби во време кога таа беше претседател на ССК, а јас премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Од тогаш, ниту имам комуникација со неа, ниту било каква соработка или поврзаност со политичките активности и планови на Данела Арсовска и Драги Митковски, ниту пак тие се обиделе да побараат нешто такво.

Воедно ја користам приликата да демантирам дека во Будмпешта сум се сретнал со Артан Груби или со Максим Димитриевски. Артан Груби последен пат го сретнав во штабот ма ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на 2017 година во придружба на Али Ахмети. Максим Димитриевски кој мислам дека е еден од неколкумина кои во изминатите денови добија од ист центар насока деновиве да измислуваат мои наводни средби, не се сеќавам дека било кога во животот сум го сретнал.

На политичките партии кои контролираат одредени портали и имаат некаква моќ им советувам да ги концентрираат напорите, времето и енергијата во продуктивни и општо корисни цели, заради кои и постојат и имаат некаква смисла, наместо во интриги, заговори и бесмислено трошење на времето на активности од ваков тип.
Фејсбук статус на Никола Груевски.