ГРУБИ И ОСМАНИ ГО ОСУДИЈА УБИСТВОТО ВО КОСОВО И СО ПОДДРШКА ДА СЕ НАЈДАТ СТОРИТЕЛИТЕ И ИЗВЕДАТ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА

0
380

Околу 3 часот по полноќ еден косовски полицаец е убиен, додека двајца се ранети во пукање денес наутро на подрачјето на Звечан, на северот на Косово, потврди косовската полиција денес.

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, како и вице-премиерот Артан Груби најостро го осудија денешното пукање на сверот на Косово во кое еден полицаец е убиен, а двајца се повредени.„Најостро го осудувам убиството на полицаец во северниот дел на Косово. Моето срце е со неговото семејство и колегите. Целосна поддршка, сторителите на овој грозоморен чин да бидат изведени пред лицето на правдата. Актите на насилство нема да ја поткопаат стабилноста на Косово. Безбедноста на граѓаните на прво место“, напиша Османи.

Македонскиот вицепремиер Артан Груби оценува дека нападот и убиството на косовскиот полицаец е обид да се поттикне криза и конфликт со последици врз мирот.Неговиот статус може да го погледнете во продолжение:

„Неприфатливи се однапред смислените дестабилизирачки случувања на северот на Косово кон полицијата и државата, но и кон регионот. Нападот и убиството на косовскиот полицаец е обид да се поттикне криза и конфликт со последици врз мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион. Силно го осудувам нападот врз полициските сили на Косово во кој загина офицерот Африм Буњаку и повредени други на северот на Косово.

Апелирам на внимателност и разумност, итно апсење на убијците, стабилизирање на ситуацијата, решителност за воспоставување ред и мир и тесна координација со меѓународната заедница. Изразувам искрено сочувство до семејството Буњаку и на повредените им посакувам брзо закрепнување“, пишува Груби.Околу 3 часот по полноќ еден косовски полицаец е убиен, додека двајца се ранети во пукање денес наутро на подрачјето на Звечан, на северот на Косово, потврди косовската полиција денес.