КОВАЧЕВСКИ : СКОПЈАНИ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ, ВЛАДАТА ГИ АКТИВИРА СИТЕ МЕХАНИЗМИ И ОБЕЗБЕДИ ПАРНО ГРЕЕЊЕ ЗА ЦЕЛА ГРЕЈНА СЕЗОНА

0
917

Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура.

Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат.

Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција.

Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно.

Фејсбук статус на лидерот на СДСМ,  Димитар Ковачевски.