ГРКОВСКА : ТРАНСПАРЕНТНОСТА НЕ Е ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ДЕФИНИРАНА КАТЕГОРИЈА, ТУКУ ТОА Е ПРОЦЕС КОЈ ПОСТОЈАНО МОРА ДА СЕ УНАПРЕДУВА И ДА СЕ НАДГРАДУВА

0
388

Транспарентноста не е еднаш засекогаш дефинирана категорија, туку тоа е процес кој постојано мора да се унапредува и да се надградува и затоа меѓународната и регионалната соработка и размена на искуства се од исклучително значење.

Задоволство ми беше да се обратам на денешната меѓународна конференција на темата „Заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“, што се одржа во Струга, во организација на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, поддржана од Советот на Европа.

Со Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер имаме одлична соработка и верувам дека таа во наредниот период ќе биде и унапредена.
Заедно со Агенцијата и со Центарот за управување со промени работиме на Насоките за значајно зголемување на транспарентноста на институциите.

Нашата цел сега е да ги селектираме најбараните информации по категории и да ги задолжиме институциите да ги објавуваат редовно, без да има потреба граѓаните да поднесуваат за тоа барање.