Шекеринска: Реакциите за средбата со Дехари доаѓаат од тие кои беа дури 9 години во коалиција со него

0
788

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на денешниот престој во Битола јавно одговори во врска со објавената фотографија и коментарите на социјалните мрежи по нејзината средба со градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари.

-Реакциите за средбата со градоначалникот на Кичево главно доаѓаат од тие кои од 11 дури 9 години беа во коалиција со Фатмир Дехари, кој немал различна канцеларија. Јас имам почит кон граѓаните, и кога како министер имам средби со официјални претставници на граѓаните, јас влегувам во домот на граѓаните, а не во нечиј личен дом.