ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЗЛАТКО ПЕРИНСКИ, ПЕРИНСКИ КОН АРСОВСКА : ДА НЕ СИ ИГРАМЕ СО ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА!

0
484

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференцијата рече дека ја подготвиле потребната документација со сите индиции што ги имаат против разрешениот директор на Водовод, Златко Перински.

Како што истакна таа, индициите се однесуваат на тендерот за прочистотелна станица, без да изнесува повеќе детали и јасно да прецизира дали имало кривично дело или не.

Разрешениот директор на Водовод, Златко Перински на денешната прес-конференција тврдеше дека нема причина да го тргнат од функцијата.

Притоа, тој додаде дека сите обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се паушални.

„Да не си играме со паушални обвинувања, затоа што ова може да го загрози проектот за кој државата добила 72 милиони евра. Зошто сум разрешен? Можеби градоначалничката ќе додаде. Јас апелирам дека ги отфрлам сите обвинувања кои ги прочитав во медиумите“, кажа Перински.