КОВАЧЕВСКИ : ДАЛИ ЌЕ БИДЕМЕ ВО ЕУ, СЕГА ЗАВИСИ САМО ОД НАС

0
469

Патот до ЕУ нема да е лесен, но мора да се изоди. Затоа што на крајот на тој пат е големата награда, полноправното членство во ЕУ, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешна прес-конференција.

„Нашите граѓани, идните генерации ќе живеат во ЕУ, горди што се Македонци, со крената глава, со македонски јазик, со македонски идентитет, но она што е најважно, побогати и со подобар стандард од тоа што го имаат сега.

За тоа се доказ сите земји членки кои пред многу години биле во нашата ситуација, а кои по членството во ЕУ доживеале сериозен раст и развој и денес нивните граѓани ја имаат шансата да живеат во земји со подобар стандард, да се побогати, да ги остваруваат сопствените потенцијали целосно, да живеат европски и слободно.

Дали ќе бидеме и ние таму, сега зависи само и единствено од нас. Овие подадени раце на поддршка од нашите пријатели, оваа шанса која ја имаме, не смееме да ја пропуштиме“, додаде Ковачевски.