ПЕТРОВСКА : КОВАЧКИ КРИЕЛ МАТЕРИЈАЛ КОЈ Е ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖНА ПОСТАПКА

0
557

-Јас ќе си ја извршам својата задача и со допис ќе се повикам на вечерашнава дебата ‘дека на ден тој и тој ми бил предаден овој документ’ и ќе ја завршам вашата задача и ќе го предадам на истражните органи бидејќи јас повторно ќе кажам не сум истражен орган.

Во поглед на ова второ презентирање, затоа што тука немате никакви докази се само ваша конструкција,па тогаш едно прашање, колку долго ова го имате кај вас?, истакна Петровска. Според неа, со поседување на нешто за кое Ковачки смета дека е доказ и го држи кај себе, тоа е прикривање. -Чекавте да ве повикам на дебата за да ги кажете овие работи.

Еве и ова за да не го губиме времето на гледачите има многу подобри теми за дискусија на АРМ и ова со втор допис ќе го допратам до истражните органи за да можат да проследат. Ова немам намера да го гледам и се повикувам на независноста на истражните органи без разлика на тоа што вие досега сте го криеле ова кое што денес го презентирате, рече Петровска.