ГРАД СКОПЈЕ : ЗАВРШЕНА ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СУГС “МАРИЈА КИРИ СКЛОДОВСКА”

0
336
Новата учебна година за учениците од средното училиште на Град Скопје “Марија Кири Склодовска”, започна со целосно обновена водоводна и канализациона мрежа,  комплетно реконструирана спортска сала со цел овозможување подобрени услови за средношколците. Новата современа спортска сала им ги нуди на учениците сите услови за одржување на часовите по физичко воспитување.

Старата и небезбедна водоводна и канализациона мрежа после 5 денеции е заменета со нова. Исто така поради зголемениот број на паралелки во новата учебна година адаптирани се и две дополнителни училници.

Градот Скопје во континуитет вложува во образованието, а со обезбедување подобри услови се овозможува непречена реализација на наставата.