ПЕНДАРОВСКИ : СВЕТОТ СЕ СЕЌАВА НА СРЕБРЕНИЦА – ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ И НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ

0
543

Денеска кога оддаваме почит на над осум илјади жртви на геноцидот во Сребреница, да се потсетиме на нашиот долг за создавање демократски и отворени општества во кои наместо омраза ќе има толеранција, сподели претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

„Да им помогнеме на новите поколенија да научат за нашето колективно минато, со надеж дека ќе создаваме генерации водени од солидарност и соживот.

Светот се сеќава на Сребреница. Да не се заборави и никогаш да не се повтори!“, додава тој.