ГРАД СКОПЈЕ : ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ ПОНИШТИЛ ЗГРАДИ ШТО САМ ГИ ГЛАСАЛ

0
462

Денес на предлог на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Советот на Општина Бутел едногласно изгласа и даде целосна поддршка за поништување на 11 градежни маркици за згради од ДУП ССИ 06.07 и ДУП С16, информираа од Општина Бутел.Од таму велат дека за ДУП С16 кој е на сила ќе се отпочне постапка за измена на планот со цел бришење на 7 маркици за згради. А за ДУП ССИ 06.07 кој е во постапка ќе биде ревидиран и ќе се избришат сите згради кој што се уцртани во предлог планот.
Од Град Скопје ја поздравија оваа одлука, но од таму велат дека градоначалникот, Дарко Костовски, поништил планови што сам ги гласал во 2015 година како советник.

„Ја поздравуваме одлуката на советниците во Советот на општина Бутел да го послушаат апелот на град Скопје и да ги избришат 7 маркици со кои се предвидуваше изградба на згради, а кој ДУП го гласал токму Дарко Костовски како советник во Советот на општина Бутел во 2015. година. Истите беа во директна спротивност на начелото за хумано живеење, како и со вториот план со кој се предвидуваа 26 метри високи згради. Овие планови, кои денес се укинаа со одлука на Советот на општина Бутел, апелираме да бидат пренаменети во простор за зеленило, паркови и игралишта“, порачаа од Град Скопје.

Но и покрај ова продолжува препукувањето меѓу Бутел и Град Скопје во врска со трасата на булеварот Боца Иванов. Од Бутел велат дека сите советници ја прифатиле иницијативата за промена на трасата, но од Град Скопје не се откажуваат.„Сепак, ова не ја менува суштината на проблемот во врска со бул.Боца Иванова. Трасата на овој булевар е утврдена со ГУП кој е повисок акт на ДУП и истиот не може да се промени со иницијатива на општина Бутел“, порачаа од таму.