ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ДЕНЕС ОСТВАРИ СРЕДБА СО БОРЕЧКИОТ КЛУБ ,,7-МИ” МАЈ

0
644

Ангела Трајкоска, Тамара Цветкоска и Барбара Стојкоска заедно со своите тренери од боречкиот клуб “7 Мај“ денеска остварија средба со градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.

Причина за денешната посета беа првенствата и медалите кои младите борачки од клубот „7 Мај“ ги освоија на натпреварите на Балканското и Медитеранското првенство кое се одржа во Грција од 26 до 30 октомври.

Градоначалникот Јовчески посочи дека лично ќе се ангажира во развојот на спортот, во сите негови сегменти. Присутните на денешната средба, добија и пригодни подароци од Општина Прилеп.