ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА ГРАД СКОПЈЕ ДАНЕЛА АРСОВСКА ДЕНЕСКА НАЈАВИ ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ, ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ ОЈА ВОДИ КОН ВОДНО И КАДЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА СИСТЕМ ЗА ОДВОДНУВАЊЕ

0
446

Почитувани,

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска го најави отпочнувањето на проектот за реконструкција на улицата ул. Тодор Александров која води кон Водно, каде едновремено се реконструира и системот за одводнување.

– Градот Скопје отпочнува со градежни работи на улицата ул. Тодор Александров која води кон Водно. Ова улица е во исклучително лоша состојба и како една од најфреквентните улици за жителите кои се движат кон врвот на Водно, барањето за нејзина реконструкција е истакната како децениски проблем за сите кои редовно транзитираат по оваа сообраќајница. Воедно барање за реконструкција истакнаа и голем број велосипедисти со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот при движење по коловозот.

Улицата Тодор Александров целосно се реконструира на површина од 18.580 м2 на должина од 2820 метри, а воедно целосно се реконструира системот за одводнување, вклучително и нивелирање на шахти и сливници. – изјави градоначалничката Арсовска на денешната прес конференција за медиумите.

-Градежните зафати на овој проект за реконструкција на улицата Тодор Александров ги изведува Јавното претпријатие Улици и патишта, а едновремено Јавното претпријатие Паркови и зеленила отпочнува со акција за зазеленување со нови садници, реконструкција на видиковци и еко урбана опрема на потегот кон Средно Водно.

СООПШТЕНИЕ 18.10.2022