ЛДП: Нерамномерниот економски развој – Проблем на целата држава

0
902

„Повод за овој прес е загрижувачкиот тренд на се поголемиот нерамномерен развој на планските региони во Македонија,а особено загрижувачки за нас во Битола е се поголемата разлика во економски и вкупен општествен развој  на Пелагонискиот плански регион,во однос на другите региони, а особено на скопскиот плански регион.Сакаме да нагласиме дека нерамномерниот економски развој е проблем на целата држава и една од причините за економското назадување на Македонија.Нема вкупен развој на државата без рамномерен економски развој на сите региони.

Иако Македонија има Министерство за локална самоуправа,Биро за регионален развој чија цел е РАМНОМЕРЕН И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА ЗАСНОВАН НА ПОЛИЦЕНТРИЧЕН РАЗВОЈ, фактите зборуваат за се поголемата економска разлика меѓу скопскиот и пелагонискиот плански регион:

  1. просечната нето плата во Пелагонија е за повеќе од 25% (над четвртина) пониска отколку во Скопскиот регион.
  2. БДП/жител е дури 40% понизок.
  3. иако скопскиот регион има 3 пати повеќе жители од пелагонискиот,има 7,5 пати повеќе бруто инвестиции.
  4. иако СК има 3 пати повеќе жители,има 6,5 пат повеќе изградени станови годишно.
  5. од 2013-2015 БДП/жител во Скопски регион и Пелагонија пораснал за исто (8,5%),бруто платата за истиот период (13-15) во Скопски регион порасна двојно повеќе отколку во Пелагонија (5% пораст наспроти 2,5%).

Сите овие податоци зборуваат за еден голем проблем на македонската држава за кого битолските пратеници од власта 10 години ниту имаат појма,ниу го чувствуваат тоа,а веројатно им е сеедно што се сличува во нивниот град и регион.Тие очигледно живеат во својот розов свет што не соодветствува со реалноста.Но ние што живеема во реалниот свет и ја гледаме се поголемата беда на Битола,должни сме да реагираме и на овој начин тоа и го правиме.

ЛДП и до сега,но и отсега ( како дел од новата власт) се залага за рамномерен и одржлив економски развој на сите 8 плански региони како предуслов за економски развој на Македонија“, изјави Јован Налбанти, ОО ЛДП Битола.