ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА, БЕЏЕТИ И ЛЕВИЦА СЕ ВО ПАНИКА И САКААТ ДА НЕ СПРЕЧАТ ДА ГО ОДРЖИМЕ ЦЕНТРАЛНИОТ МИТИНГ, ВЕЛАТ ОД КОАЛИЦИЈАТА ,,ВРЕДИ”

0
81

Поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот „Македонија“ в понеделник во рамки на изборната кампања на коалицијата „Вреди“, соопштија денеска на прес-конференција шефовите на изборната кампања на оваа коалиција.

Велат дека од Град Скопје досега не добиле никаков одговор, со што оценуваат дека одговорот е негативен, па затоа решиле централниот митинг да го дислоцираат на плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија.

„Денеска се собравме овде заедно шефовите на изборната кампаеа во рамки на коалицира ‘Влен’ за да ја информираме пошироката јавност за централниот митинг што треба да се одржи в понеделник на 22 април. За да бидеме максимално транспарентни пред граѓаните, сакаме да ве информираме дека, како што налага процедурата, поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот ‘Македонија‘, со слободна волја и без притисок, додека корумпиранта власт во бегство да види што значи народна поддршка, што тие одамна ја немаат. Од Град Скопје до денес немаме никаков одговор, што значи дека одговорот е негативен, а ваквата одлука ја донеле градоначалничката Данела Арсовска, Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција, во паника да ја спречат коалицијата ‘Вреди‘ да го организира централниот митинг, знаејќи ја атмосферата и големата поддршка од граѓаните“, рече Бујаре Абази, шеф на штабот од коалицијата „Вреди“.

Според неа, каков било одговор што би го добиле в понеделник, би бил закаснет и како што додаде тендециозен, поради краткото време за негово организирање. Но, како што таа рече, нема да останат со скрстени раце и решиле да ја завршат претседателската кампања на позитивен начин, со тоа што одлучиле да го дислоцираат митингот на плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија.

„Со тоа, ќе ја најавиме победата на коалицијата ‘Вреди‘. Централниот митинг ќе се одржи во Скопје на плоштадот ‘Скендербег‘ на 22 април, понеделник во 20:30 часот. Дојдете и бидете дел од оваа голема промена, бидејќи вреди“, рече таа.
Од коалицијата „Вреди“, чии лидери се во посета на дијаспората во Берлин, порачаа дека сите големи политички движења започнале токму од дијаспората и дека таа е многу важна за примените, како што посочија, кои ќе се случат на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Според претседателскиот кандидат Арбен Таравари, не е направен политички процес без дијаспората, па така додаде, ќе биде и овој пат.

„Немаше важен процес во С Македонија што се одвиваше без дијаспората, почнувајќи од првото политичко движење“,
рече тој.

Лидерот на Демократското движење и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити рече дека вредноста на учеството на дијаспората на овие избори е голема и дека тие многу добро знаат „да казнуваат режими и тие кои ги мразат Курти и Косово“.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротивставува на Косово и кокетира со Вучиќ”вели Меџити.