ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП, БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ СО ОТЧЕТ ПРЕД ПРИЛЕПЧАНИ ,,РЕАЛНОСТА ЗА ПРИЛЕП”

0
318

📍РЕАЛНОСТА ЗА ПРИЛЕП!

🗣️ Почитувани сограѓани,

➡️ На вчерашната 34та седница на Советот на Општина Прилеп, имав прилика како и на секоја претходна седница досега, да присуствувам и да одговарам воедно на советничките прашања од членовите на Советот од редовите на СДСМ. Јас го разбирам почитувани вашиот револт, затоа што сте опозиција на локално ниво а за брзо завршува и вашето владеење на централно ниво.

☝️Вашите континуирани и потенцирам – „циркузантски“ критики од собраниската говорница разбирам дека се ваша партиска наредба, но за среќа нашите сограѓани знаат дека ситуацијата е далеку од вашата крива призма низ која што ги претставувате работите.

👌Нашите проекти се реални, нашата работа на Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Советот на Општината е чесна и достоинствено ќе продолжиме со цел да оствариме што е можно поголем број на проекти за нашиот Прилеп.

👉 А исто така реална беше и сумата од 5.000.000 евра како преземени обврски со нашето доаѓање на власт на локално ниво, па затоа и сеуште ги исплаќаме и тие неколку проекти што ги сработи претходната локална власт.

✅-Во моментов имаме градежна офанзива и реализација на проектот за рехабилитација и нов асфалт на 60 улици во општина Прилеп.

✅- Го реконструиравме и последниот крак од плоштадот Методија Андонов-Ченто, на потегот од споменикот Пеце Атанасоски до ООУ Кочо Рацин со површина од 3500м2.

✅-Во образовниот систем, за подобрување на условите за работа и учење во сите општински основни и средни училишта во нашиот град вкупно инвестиравме над 50 милиони денари.

✅-Ја доизградивме новата детска градинка во населба Точила и до крајот на оваа година ја пуштаме во употреба.

✅-Обезбедивме еднократна финансиска помош од 6000 денари за секое новороденче во Прилеп.

✅- Обезбедивме бесплатен оброк за сите првачиња во општина Прилеп.

✅-Обезбедивме бесплатен јавен градски превоз за пензионерите со ниски пензии.

✅-Обезбедивме нов објект кој што е даден на трајно користење на ЈП за ПУП.

✅-Обезбедивме финансиски ваучери за околу 150 наши најдобри ученици.

✅-Обезбедивме 20 студентски стипендии.

✅-Обезбедивме субвенции за 400 наши сограѓани за купување на велосипеди.

✅-Го решаваме деценискиот проблем со водоснабдувањето во населеното место Канатларци.

✅-Се гради водовод до манастирот Трескавец, проект кој што Општина Прилеп го кофинансира.

✅-Исплативме еднократна парична помош од над 1 милион денари за најранливите категории на граѓани.

✅-Исчистени се огромни количини отпад од дивите депонии во нашиот град и се погриживме да обезбедиме ново возило, цистерна за перење на јавно прометни површини и ново транспортно возило за заловени бездомни кучиња.

✅-Пуштивме во употреба ново мултифункциопнално игралиште во ООУ Добре Јованоски.

ДО КРАЈОТ НА ОВАА ГОДИНА ЗАПОЧНУВА:

✅-Изградба на нов кружен тек на булеварот Гоце Делчев, на раскрсницата кај Марко Цепенков.

✅-Изградба на нова спортска сала во ООУ Блаже Конески.

✅-Изградба на ново инклузивно игралиште на паркот на Могилата.

☑️Во наредните две години продолжуваме со уште нови проекти: Катни гаражи, кружни текови, изградба на нови улици и поголеми капитални проекти.

🛑 Целта е една и единствена – Да го направиме Прилеп достојно место за живеење, затоа што местото на нашите деца е тука, блиску до нас, во нашиот град, во нашиот дом!

📍 Реалноста е оваа!

❤️ Посветени за Прилеп!

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.