ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АЕРОДРОМ ТИМЧО МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ЗА КОЈ ИМАШЕ МНОГУ ПОПЛАКИ И ОГРОМНИ СКАНДАЛИ СО МОРБИДНИ СЛУЧАИ

0
858

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска конечно доби нов в.д. директор со што дојде до престанок на мандатот на претходниот.

И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици.

За претходниот директор на ООУ „Лазо Ангеловски“ имаше бројни поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и нанесе голема штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци.

Градоначалникот Муцунски уште од првиот ден се заложи и цврсто останува на неговото ветување дека Општина Аеродром ќе ја врати довербата и позитивната слика за сите институции кои се под нејзина надлежност. За сега, на чело на училиштето и како вршител на должноста директор ќе застане Магдалена Петревска.

Децата се нашата иднина, а одговорноста е на сите нас да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивен правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар!

07.02.2022
Општина Аеродром