ТАЧЕНАТОРОТ ГИ ОТЕПА ВЕМЕРЏАНИТЕ, ЕПА ТОГАШ НИШТО ОД ПРОТЕСТИТЕ ПО УЛИЦИ, ИМА ТОА ЈАЈЦАТА ДА ИМ ЗАМРЗНАТ ДО ИЗБОРИ, КОВАЧЕВСКИ: ИЗБОРИ ЌЕ ИМА, АМА РЕДОВНИ ВО 2024-ТА

0
1627

Премиерот Димиртар Ковачевски денеска уште еднаш повтори дека избори ќе има,ама редовни, во 2024 година, до кога сите политички партии имаат време да постигнат консензус за укинувањето на „пржинската влада“.

-Прво е справувањето со здравствената криза, справувањето со енергетската криза, а исто така имаме и отворен процес, активен, на разговори со нашиот сосед со Република Бугарија. Оттаму сметаме дека оние прашања коишто не се во насока на исправување со најголемите предизвици само претставуваат дефокусирање од оние проблеми коишто се најважни да се решат за нашите граѓани, изјави Ковачевски во одговор на новинарско прашање.  

Според  него, самото барање на опозицијата за укинување на „пржинската влада“ потврдува дека во државата има демократски амбиент, каков немало во времето кога е воведена таа влада, што, како што истакна, значи дека во тоа време имало заробена држава во која администрацијата и државниот апарат биле користени во партиски изборни цели.

Во врска со прашањето за една изборна единица, тој истакна, дека СДСМ како партија е за вакво решение, но, како што нагласи, измените на Изборниот законик со кој се регулира ова прашање, секогаш се носеле со консензус на партиите.