ГОРДАНА ДИМИТРИЕСКА – КОЧОСКА : ЗА ПЕНЗИИТЕ ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ ПАРИ, НО НЕ ОД МИЛИЈАРДАТА

0
193

До крајот на 2025 ќе нема друга корекција. Потоа ќе видиме со каква методологија ќе продолжиме, дали на истиов начин или ќе ја менуваме методологијата, изјави министерката за финансииПензионерите ќе ги добијат ветените пет илјади денари линеарно зголемување, но не од милијардата евра која е наменета за капитални проекти. Пари за пензиите ќе се обезбедат на друг начин, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во поткастот „Каде се парите?“

Веќе во септември сите пензионери ќе добијат по 2.500 денари, а потоа уште толку во март или можеби во првиот, или меѓу првиот и вториот квартал од 2025. Тоа значи дека нема да ги добијат процентите за усогласување, вели минстрката, затоа што ќе добијат многу повеќе.„До крајот на 2025 ќе нема друга корекција. Потоа ќе видиме со каква методологија ќе продолжиме, дали на истиов начин или ќе ја менуваме методологијата. Ќе видиме. Дотогаш многу работи ќе бидат јасни“, посочува Димитриеска-Кочоска.