ПАЛЧО СЕ ПОЖАЛИ: ЕМИСИЈАТА НА ИНФОМАКС ПРЕКИНА СО ЕМИТУВАЊЕ ПОРАДИ ТОА ШТО МИЦКОВСКИ СЕ НАЛУТИЛ ШТО МНОГУ СУМ ГО КРИТИКУВАЛ ВМРО ДПМНЕ

0
1226

Во интервју за стримот на Родина, Љупчо Палевски ги откри причините зошто толку ненадејно престана да се емитува емисијата на порталот ИНФОМАКС која имаше огромна гледаност над 30 000 прегледи секоја емисија која се емитуваше еднаш неделно.

– Емисијата е укината затоа што многу сум го критикувал ВМРО ДПМНЕ и Мицковски и многу сум ја промовирал мојата партија ДЕСНИЦА. Жртви тука се и Мечка и жена му Наталија се жртви исто така… – кажа Палевски.

Со ова се потврдува дека Инфомакс кој нема ниту еден банер постои со голема финансиска поддршка на ВМРО ДПМНЕ и дека порталот е де факто партиска интернет брошура на ВМРО ДПМНЕ и затоа Мицковски не трпи некој на негов медиум да го критикува…

Најсмешно беше кога пред неколку дена Јанко Бурек го праша Ацо Мечка сопственикот на Инфомакс од што преживува порталот и он мртов ладен му рече дека порталот имал 600 000 посети дневно?!?!? и поради таа голема посета од Фејсбук им давале пари, за што имале потпишано договор?!?!?!?!?!?!?!

И малите деца знаат дека Фејсбук на никого не дава пари туку напротив наплатува пари за промоција на видеа и стории, така што најверојатно Инфомакс му плаќа на Фејсбук за промоција на своите емисии а не обратно, ама се срами да каже дека месечно ВМРО ДПМНЕ им плаќа да шират лажни вести и црна пропаганда за власта на централно и локално ниво…