ОВИЕ УШТЕ НЕ ДОШЛЕ НА ВЛАСТ А ПОЧНАА ДА АЗДИСУВААТ – Пратеник од Алијанса на Албанците направил скандал на Блаце: мавтал со дипломатски пасош за преку ред да влезе во Македонија

0
679

Пратеникот Абдула Салиу од Алијанса на Албанците, вчера на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце за да помине преку ред оти имало долга колона возила. „А1он“ дознава дека пратеникот прво го испратил синот да го однесе неговиот дипломатски пасош на полицијата, за да ги пуштат побрзо, а потоа возејќи по тротоар за да ги престигне автомобилите кои чекале пред него, дошол до кабините на полицајците, им ги фрлил документите и се развикал. Им викал дека никаде во Европа не чекал ред па нема ни тука.

Пратеникот Салиу за „А1он“ потврди дека побарал да помине побрзо оти имал дипломатски пасош, но тврди дека полицијата и царината биле дрски и неедуцирани.

“Видете, јас се враќав од Косово и на граница, иако не го употребувам многу дипломатскиот пасош, имаше долги колони, па бидејќи ми следува го искористив. На одење не го употребив, немаше многу гужва и чекав 15-20 минути. За влез имаше многу и отидов преку ред. Тоа што сте слушнале/виделе тоа се случи. За жал, тие луѓе кои се таму, сигурно се партиски.

Повеќе за ова на порталот А1он.