ГЛУТНИЦА НА КУЧИЊА НАПАДНАА ДЕВОЈКА ВО ТЕТОВО

0
359

Девојка нападната од кучиња паѓа на тревникот пред зграда во близина на Универзитетот во Тетово. Напомош и доаѓаат двајца минувачи кои ги бркаат кучињата. Ова е дел од видеото објавено на фејсбук профилот на „Тетово инфо“.
На видеото се гледа дека десетеина кучиња почнуваат да трчаат по девојката, која бегајќи од глутницата вика и бара помош. Таа трча кон влезот на зграда, но кучињата ја соборуваат и паѓа на тревникот.

„Се надевам дека ова видео ќе ви ги отвори очите и ќе преземете мерки за оваа жална состојба насекаде низ нашето Тетово“, пишува во објавата, жител на Тетово.Проблемот со кучињата скитници во Тетово е присутен со години наназад, а властите никако да најдат решение за овој проблем.

Од Општина Тетово велат дека здружението „Амос шелтер“ со кое имаат склучено договор во досегашните акции заловило 82 бездомни кучиња. Власта во Тетово бара трпение од граѓаните, бидејќи како што велат ова е голем проблем, особено што кучињата во Тетово се носат од други населби.Општина Тетово пред неколку месеци објави дека ќе исплаќа надомест на штета на оние граѓани кои ќе бидат каснати од бездомно куче. Локалната власт објави и Правилник за начинот и постапката на утврдување и исплата на надомест на штета.