ГЕРАСИМОВСКИ : СО ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ И ПРЕДАВАЊА СТАНУВАМЕ ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА НА МАКПЕТРОЛ ,, КРЕНИ ГЛАС ПРОТИВ ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО”

0
440

Општина Центар и компанијата „Макпетрол“ потпишаа меморандум за соработка за кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“.

Меморандумот опфаќа предавања и дискусии на темата булинг и раното препознавање на врсничкото насилство меѓу основните од сите осум училишта во општината.

Градоначалникот Герасимовски неодамна и јавно ја поддржа кампањата каде порача дека булингот е проблем кој може да донесе сериозни социолошки и психолошки последици и поради тоа бара сериозен пристап за негово решавање.

„Врсничкото насилство е сериозен проблем за кој ние како локални самоуправи под чија надлежност се основните училишта имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за поголема безбедност на децата во образовните установи. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството.

Затоа Општина Центар ја подржува оваа кампања на Макпетрол со цел да ги доближи до учениците знаците на врсничко насилство и да ги охрабри учениците да зборуваат и да ги пријават. Упатувам порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи тоа е најдобриот начин да ги заштитиме. Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме“, изјави Герасимовски.