ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ НА САШО ОРДАНОВСКИ ЗОШТО АВИОНОТ НА ГРУЈО ПРИНУДНО СЛЕТА ВО ЦИРИХ: Eкс министер скоро сменет бил виден како се мота по тамошните банки и договара трансфери на пари!

0
1487

Во Хорген, место во Германскиот кварт на Цирих, распослано на бреговите на Циришкото езеро, со едвај 19 500 жители, а има дури 34 финансиски институции, повеќе и од супермаркети и градинки заедно.

saso-ordanovski-540x329

Во овој Циришки кантон, како што открива новинарот Сашо Ордановски во најновата негова колумна објавена во Слободен печaт,  во битка да ги привлече парите од оф-шор компаниите од Белизе и слични дестинации,три четири од тамошните финансиски институции, малку познати, но престижни стари семејни банки, специјализирани за милионски приватни заштеди, ги отвориле вратите за такви пари од оф-шор сметки нудејки дискреција и не прашувај’и за нивното потекло.

Е во тоа место, Хорген, според Ордановски, еден наш министер, не многу одамна, годинава, шетал во кожна јакна и по фармерки. А, потоа во возот на линијата Цирих-Хоргенска железника станица С2 и С8 на Циришкиот С-бан е залепена до локалната автобуска меѓуградска станица-несвесен дека Македонците ги има насекаде во светот, дури и кога изгледаат како лoкални незаинтересирани Швајцарци, некому гласно му викал на телефон – “Не,не,че мора лично ,не може никој друг во ваше име!“

Можеби се разговарало за упис на дете во градiнка, можеби за подигнување на оставена гардероба на хемиско чистење, а можеби и за други шалтерски услуги….Но ете,ќе морало лично.

На знам зошто, оваа апокрифна приказна од пред неколку месеци ми дојде на ум кога слушнав за онаа голема непријатност минатата недела со декомпресијата на авионската кабинa ,ете, баш над Цирих се случило, море во близина на Хорген, ако не се лажам – на летот на делегацијата на Груевски од Стразбур за Скопје..

Брее, си реков, каква среќа во несреќа, ако вече морале непланирано и итно да слетуваат, можеби некој од делегацијава, баш згодно, лично со оригинален потпис ќе можел да си ги дигне алиштатата од хемиско во Хорген.

Целата колумна на Сашо Ордановски прочитајте ја во викенд изданието на дневниот весник Слободен печат.