ЗАЕВ ОД РАДОВИШ : СО НАЈДОБРОТО ВО РАДОВИШ ДО ГАСИФИКАЦИЈА, НОВИ ГРАДИНКИ, КАНАЛИЗАЦИОНИ МРЕЖИ, ДА ГЛАСАМЕ ЗА БРОЈ 12

0
670
Огромни капитални проекти во целиот Исток на државата се реализирани, Радовиш е поврзан со главниот град комплетно, порача вечерва на караванот „Најдоброто за мојата општина“ во Радовиш, претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Радовиш беше задолжена општина, сега повеќе не е, рече Заев, додавајќи дека заедно со градоначалникот Коле Чаракчиев во Радовиш ќе биде направена гасификацијата.
Тој најави дека во наредниот период ќе се изградат канализациони мрежи за секое населено место со над 500 жители, 90% од сокаците и улиците ќе бидат асфалтирани, бетонирани или поплочени.
Заедно со Коле Чаракчиев ќе изградиме две детски градинки во следниот мандат, како и мултифункционален културен центар за млади, најави Заев, додавајќи дека голем дел од проектите ќе бидат поддржани од централната власт, која е локално ориентирана и ги поддржува општините.
Нема дилема, да продолжиме со она што е проверено, не ни требаат експерименти, ни требаат прецизни одлуки, затоа ве повикувам на 17 октомври да гласате за 12 за најдоброто, масовно да гласате за Коле Чаракчиев за Најдоброто за Радовиш, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.