ГЕНЕРАЛ – МАЈОР Д-Р ПАВЛЕ АРСОСКИ : НА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ЧИНИТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ИМ Е ЈАСНО ДЕКА БЕЗ ЗНАМ НЕ ДА СЕ ФОРМИРА СТАБИНА ВЛАДА ВО МАКЕДОНИЈА

0
85
Генерал – мајор д-р Павле Арсоски, носител на Движењето ЗНАМ – за Наша
Македонија во Третата изборна едница во интервју за МИА нагласува дека
по резултатите од првиот круг претседателски избори е јасно дека без
ЗНАМ не може да се формира стабилна Влада.

За какви било преговори за идната Влада, Арсоски нагласува дека на сите политички чинители ќе им понудат да потпишат декларација. Во неа, како што посочува, ќе бидат

опфатени најважните државни и македонски национални црвени линии.

Движење ЗНАМ, дециден е Арсоски, е политички субјект произлезен од
граѓаните и ќе им служи на граѓаните. Нашата идеологија, потенцира, се
базира на Илинден, на документите од АСНОМ и на граѓанското изјаснување
на референдумот во 1991 година.