ТЕЛЕФОНИТЕ СО АНДРОИД СЕГА МОЖЕ ДА ОТКРИЈАТ ДАЛИ НЕКОЈ ВЕ СЛЕДИ

0
485

Телефоните со Android автоматски и рачно ќе можат да ја скенираат околината за да најдат непознати уреди за следење.

Паметните телефони со Android 6 или понова верзија сега добиваат ажурирање што ќе им овозможи да препознаат дали некој ве следи. Ако е така, ќе добиете предупредување за непознат уред за следење кој патува со вас.

Google ја објави функцијата на својот I/O настан во мај, како одговор на зголемениот број на случаи на дигитално следење кои користат наменски уреди како што е AirTag на Apple. Всушност, Google и Apple тесно соработуваа на овој проект.

Ажурираните телефони сега автоматски ќе можат да препознаат дали непознат уред за следење Bluetooth се движи со нас, но не и неговиот сопственик, а кога тоа ќе се случи, ќе добиеме известување, но и можност да дознаеме повеќе. Ова вклучува мапа која ќе ја прикаже рутата по која нè следел таков уред, а во некои случаи и серискиот број на уредот, како и информации за неговиот сопственик.

Секако, ова нема да биде премногу корисно ако не можеме да го лоцираме непознатиот уред за следење, а ќе имаме опција да го активираме неговиот звучен сигнал, како и упатства за деактивирање. На пример, AirTag бара одвртување на капакот и отстранување на батеријата.

Ако сакаме, секогаш можеме рачно да ја скенираме нашата околина за да најдеме непознати уреди за следење. Кога ќе пристигне надградбата, треба да го направите следново:

Отворете Settings

Најдете ја опцијата Safety & Emergency

Изберете Unknown Tracker Alerts

Притиснете го копчето Scan now

Google вели дека рачното скенирање трае само 10 секунди за да се најде непознат уред, а доколку телефонот најде нешто, достапни се истите опции како и автоматското скенирање.

За жал, новата функција моментално ги открива само уредите AirTag, но списокот ќе се прошири со тек на време. Гаџетот на Apple неколку пати беше тема на светските медиуми, а по неговото лансирање имавме можност да слушнеме и добри, и лоши работи.