Вчера делегација на Достоинство положи цвеќе пред споменикот “Мајкино скршено крило“ во чест и спомен на загинатите припадници на поранешната ЈНА кои настрадаа во крвавите војни низ боиштата во Хрватска и Босна при распадот на Југославија

0
743

Загинаа за туѓи интереси, во туѓи земји, исто како што Македонците гинеа во Балканските војни и во Првата светска војна во редовите на Бугарската армија во која најчесто беа регрутирани присилно.

Ние како држава и како граѓани сме должни да го чуваме споменот на овие наши млади војници од ЈНА бидејки нивната жртва предизвика силна рекција во јавноста која пак го принуди тогашниот државен врв да го прекине процесот на регрутирање и испраќање на војници од тогаш СР Македонија во редовите на ЈНА.

Вечна им слава