ВУЧИЌ ОД СКОПЈЕ : СРБИЈА ОСТАНУВА ДОСЛЕДНА ВО ИСКРЕНИТЕ НАПОРИ ДА СОЗДАДЕ АТМОСФЕРА НА МЕЃУСЕБНА ДОВЕРБА

0
395

-Благодарен сум на претседателот на Република Словенија @natasa.pirc.musar, на претседателот на Република Хрватска @z_milanovic и на претседателот на Република Северна Македонија, @stevopendarovski за топлото добредојде и на тоа што се домаќини на оваа важна средба, каде со соговорниците од регионот ќе разговарам за некои од клучните принципи на регионалната соработка, одржливиот развој, климатските промени, но и политиката за проширување на #ЕУ, како стратешка точка на понатамошните односи на европскиот континент, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Една од поважните теми ќе биде продолжувањето на сеопфатните политички, економски и социјални реформи, кои ќе ги задржат младите на овој простор, што дополнително ќе обезбеди просперитет, стабилност и напредок на цела Европа, порача Вучиќ.