Заев: Околу 75 проценти од граѓаните се под средна класа

0
1199

12031636_10153718834212932_7838847527953895519_o

Битола е еден од градовите којa што „пати од болестa“ миграција, од која што е зафатена цела Македонија, изјави денеска лидерот на опозицијата Зоран Зеав при средбата граѓаните на Битола.

– Тоа е изразено во недостаток на квалитетна работна сила, тоа е изразено во вкупен промет на пари во општеството. Едниот дел е заради тоа што луѓето заминале, другиот дел е заради тоа што оние кои останале, се сиромашни граѓани – изјави Заев.

Според него некаде околу 75 проценти од граѓаните се под средна класа, односно се сиромашни граѓани.

– Не можат да си дозволат, една третина од она што го заработуваат, да биде за т.н дискрециони трошења. Значи покрај покривање на секојдневните трошоци, да имаат и нешто да заштедат и за своите деца, да одат на годишен одмор, да купат автомобил после неколку години и сл. Тоа не им е овозможено на повеќе од 75 отсто од граѓаните во нашата земја. Сите овие податоци кажуваат дека состојбата е алармантна. „Бомбите“ или проектот „Вистината за Македонија“ ги потврди фактите кои што нашите граѓани ги знаат – додаде Заев.