„ВРЕДИ“ : ОД ДУИ ГЛУМАТ АМЕРИКАНЦИ, А ПРАВАТ БИЗНИС СО РУСИ!

0
178

Бујар Османи, како претставник на Али Ахмети, беше човекот кој во Будимпешта преговараше со Никола Груевски за негово враќање, а тој самиот стана и домаќин на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пишува Беса од име на Колацијата „Вреди“.

Како што одминува времето сè повеќе сме убедени дека слоганот на ДУИ „Да за Европа – не за Русија“ во себе крие страв од срамот на откривање на вистинските руски врски на Демократската унија за интеграција. Сакајќи да се преправаат дека се што е можно позападни и проамериканци, се чини дека нивната потсвест ги изневерила, така што во слоганот на кампањата ја проектирале реалноста на она што се крие под името ДУИ – обвини Коалицијата „Вреди“.

„Јавноста многу добро знае, но само ги потсетуваме дека токму високи експоненти на оваа партија се луѓе за кои постои сомневање дека имаат врски со антиамериканските кругови и за тоа има опипливи факти. Токму градоначалникот на Струга, кадар на ДУИ, Рамиз Мерко е ставен на американската црна листа поради корупција и злоупотреба на правдата. Но, тој не е единствениот. Поранешната градоначалничка на Општина Тетово и до вчера потпретседател на ДУИ, Теута Арифи, и понатаму останува запаметена како соработничка на бизнисменот со руски врски, Дака Давидовиќ, кој исто така е на американската црна листа. Дури, според нашите информации, Теута Арифи е одбиена за амбасадор во САД и во Брисел токму поради овие пропусти. Мендух Тачи, блискиот соработник на Али Ахмети и понатаму е на американската црна листа.

И, како да не е доволно, токму кандидатот за претседател на ДУИ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, како претставник на Али Ахмети беше човекот кој во Будимпешта преговараше со Никола Груевски за негово враќање, а тој самиот стана и домаќин на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, така што стана првиот и единствениот кој ги отвори вратите на Русија да дефилира во Европа по нејзината агресија во Украина. Лажната проамериканизација на ДУИ се вика „Сергеј Лавров гостин на Бујар Османи”.

Судејќи од погоре кажаното, можеме да заклучиме дека нема подобар доказ дека ДУИ ги губи изборите од нивната очајна теза дека изборите на 24 април и 8 мај годинава се избори на кои граѓаните треба да избираат меѓу Америка и Русија. Вистината е дека на овие избори граѓаните мора да одлучат меѓу проевропската коалиција „Вреди“ и корумпираната елита на ДУИ, кои не вредат ништо, затоа што веќе 20 години ги држат во заложништво Албанците од Северна Македонија“ – пишува во соопштението.