ВРАБОТЕНИ ВО ,,РЕМЕДИКА” СЕ ЖАЛАТ НА МОБИНГ : ГАЗДАРИЦАТА НЕ ТЕРА ДА ПОТПИШЕМЕ НА НОТАР ДЕКА АКО САКАМЕ ДА СИ ЗАМИНЕМЕ ОД РАБОТА ТРЕБА ДА И ПЛАТИМЕ 50.000 ЕВРА ОШТЕТА?!

0
2905

Почитувани,

Пишуваме 32 медицински сестри од ,,Ремедика”.

Ова што ни се случува последниве денови е причина за ова наше писмо. Болницата е пред затворање, веројатно има нов сопственик, викаат позната градежна фирма од Струмица. Многу од докторите си одат, а за да не остане без персонал од вчера 09.06.2022 нас на сите медицински сестри ни се дава да потпишеме договор штетен договор кој е спротивен на сите законски прописи.

Доколку си заминеме треба на госпоѓица Елица да и платиме неверојатни 50.000 евра кои нормално дека ги немаме! Ова што се случува тука го нема никаде, ние сме во затвор. Те молам алармирај а ние пишавме да дојдат под итно од трудовата инспекција и од министерството за здравство. По кој закон од нас бара 50.000 евра доколку си отидеме?! Најде и нотар и тоа го прави како по добра волја.

Марјан те молам објави го ова и помагај ни. Исто ги информираме и сите пациенти да не доаѓаат тука, ,,Ремедика” е пред затворање, нема потрошен материјал и постои огромно незадоволство.

Купи за 5 милиони евра и црква со нашите пари на плоштад Свети Константин и Елена за да имала кај да си го слави именденот. Елица ја уништи болницата и сега за да спаси нешто и да ја продаде на струмичаните не принудува да потпишеме сите вакви договори.

Ова го прави за да им ја остави за да им ја остави на новите газди болницата со некаков персонал, истово им го прави и на докторите ама за нив е полесно, имаат тие пари па може да платат, а да знае и јавноста дел од платата на нив преку бонус еднаш годишно им го дава во кеш на рака. Инаку нашите плати се движат од 350 до 650 евра и ни бара 50.000 евра?! 10 години да работиме во затвор ,,Ремедика”!

Е нема да има мир ако нема правда и закон за овој случај. Те молам да објавиш се со цел да дојдат сите надлежни инспекции.

Благодариме

Извор : ДоказМ.МК