Пронајдете сродна душа во тек на изолација: Нова онлајн опција конечно и во Европа

0
1746

Компанијата Facebook ја лансираше Facebook Dating во Европа за да им помогне на луѓето да најдат сродна душа за подлабоки врски засновани на заеднички работи, како што се интереси, настани или групи.

Таа апликација требаше да биде достапна за Европејците порано, но, Службата за заштита на податоците на ЕУ, претставена од ирскиот ДПЦ (регулаторно тело на Унијата што ги надгледува технолошките компании ширум светот), изрази загриженост поради штурото објаснување за лансирањето на апликацијата, која треба да биде достапна од 13 февруари.

Од ДПЦ изјавија дека не добиле документација за проценка на заштитата на податоците или за процесот на донесување одлуки преземени од Фејсбук.

Ирскиот сервис денеска соопшти дека ќе продолжи да го следи процесот на запознавање низ Европската унија оваа недела, додавајќи дека Фејсбук, во меѓувреме, објаснил каде се случиле промените во апликацијата.