ВО 11 ЧАСОТ ПРЕД КАМЕНАТА БИНА ВО ПРИЛЕП ДЕНЕС НА 05.01.2023 ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД БАДНИКОВАТА ПОВОРКА

0
548
Почитувани,
По двегодишна пандемиска пауза, повторно се организираат Бадниковите поворки во Прилеп. Ве поканувам на прес конференција на 05.01.2023 година во 11 часот пред камената бина, каде што ќе ја одржиме последната проба со дечињата.

Оваа година поворките се одржуваат под мотото ,,Бадник и Божиќ во полн сјај”. Пријавени се над 100 дечиња до сега, но на пробата на петти и на денот на поворката очекуваме да се приклучат повеќе дечиња.

Поворката започнува од Камената бина во 10:00 часот на 06.01.2023 каде што децата ќе ги отпеат песничките ,,Вечниот Бог”, ,,Тропар на Рожденство Христово” и ,,Кондак на Рожденство Христово”. Тука дечињата ќе бидат пречекани од градоначалникот на Прилеп, г-динот Борче Јовчески кој симболично ќе ги дарува.

Пеејќи ја ,,Вечниот Бог”, поворката продолжува кон уличките низ старата чаршија, потоа се враќаме до божиќната пештера и се  упатуваме кон најблискиот храм, црквата Св.Кирил и Методиј (Параклис).

Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот.

Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божиќ.
Со радост да го дочекаме и прославиме Христовото раѓање – Божиќ.