Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница ги утври кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, по што ќе заседава и Централниот комитет.
Мандатарот на новата Влада лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од пред седиштето на партијата ја потврди владината коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.