Шекеринска; Нема да има двојазичност во наредбите во армијата, додека да се преведе кој што збори може некој да загине!

0
1002

По денешната посета на касарната во Тетово, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска вели дека не било разговарано за Законот за јазиците, затоа што луѓето во армијата сакаат да зборуваат за реалните теми и предизвици – основната и воената опрема, касарните, физичката подготвеност…

-Во поглед на униформите нема да имаме големи проблеми. Прашањето е едно од прашањата кои ги упативме до Венецијанската комисија, да кажат став, без да го ставиме во законот. Ако отидете во која било касарна и ако ги погледнете униформите, на нив има две напишани информации – името на припадникот и името на државата. И едното и другото некои го имаат на кирилица, а некои на латиница. Кога заминуваат во мисии, сите ги ставаат името и државата на латиница. Не мислам дека ова прашање ќе влијае реално на животот и на работата на војниците, вели Шекеринска во гостувањето на 1ТВ и додава дека бидејќи се работи за армија, нема да има двојазичност во наредбите, затоа што така тешко би функционирале и тоа не било воопшто поставено како прашање во преговорите за употребата на законот за јазиците.

Таа додава дека клучниот предизвик за АРМ ќе биде се повеќе војници и офицери да функционираат во повеќејазична средина и да го разбираат англискиот како јазик на Алијансата.