ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА МЕЃУ УАПСЕНИТЕ Е И ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА НОВО СЕЛО БОРО СТОЈЧЕВ

0
263

Поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Боро Стојчев од вчера е уапсен во голема акција која ја спроведе

Министерството за внатрешни работи. Освен Стојчев, уапсени се уште девет луѓе за организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана.

Тој на функцијата градоначалник на Ново Село беше само една година и два месеци, по што беше разрешен поради шверц на цигари. Беше осуден на 18 месеци затворска казна која подоцна беше намалена на половина година.