ЛУКАРЕВСКА ЗА ТВ СТАР : НИЕ ОД СДСМ СМЕ ПРЕДВОДНИЦИ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И КОНЦЕПТОТ 50-50 ЗАСТАПЕНОСТ

0
506

Вчерашниот марш Еднакви и моќни во организација на Форумот на жени беше масовно посетен од каде беа испратени одлични пораки од сите говорници, со што уште еднаш покажавме дека за нас како партија родовата еднаквост е императив, истакна заменик претседателката Сања Лукаревска во гостување на Телевизија Стар.

„Ние, СДСМ, сме први кои на дело покажавме дека може да има мажи и жени ко-носители на листите за пратеници. Родовата еднаквост е европска вредност а ние се стремиме да одиме кон Европа. Ние како партија имаме европска агенда и затоа ние мора да работиме интензивно, за да има што повеќе жени на позиции во сите политички партии да има лидерки но и да има шрто повеќе ѓени на позиции во Владат,а, на директорски позиции да покажеме дека заложбата 50-50 не може да ја сведеме само на декларации и акциски планови, туку тој концепт на 50-50 застапеност да биде во целост имплементиран“ порача Лукаревска.

Лукаревска изрази жалење што нема повеќе жени градоначалнички, но и наплив на говор на омраза кон жените особено во Собранието.

„Мора да се бориме поинетзнвино против говорот на омраза и лажните вести, затоа што жените се повеќе на мета на напади, на говор на омраза, голем број наши пратенички дур и во Собранието беа напаѓани со многу погрдни зборови и на тоа треба да му се стави крај“ заклучи заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.