ВООРУЖЕНИ НАПАЃАЧИ ВО ЕКВАДОР УПАДНАА ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО : ВОДИТЕЛИТЕ ГИ ДРЖЕА КАКО ЗАЛОЖНИЦИ, ИМА И ПОВРЕДЕНИ ВРАБОТЕНИ

0
241

Во денешниот ТВ пренос во живо од просториите на еквадорската ТВ станица ТЦ од градот Гвајакил, беа прикажани (вооружени) лица со качулка. Тие ги принудувале вработените да легнат на подот, додека во позадина се слушале истрели и викање.Инцидентот се случи еден ден откако претседателот Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба по бегството од затвор на водачот на озлогласената криминална група.

Откако беше прогласена вонредна состојба, беа киднапирани најмалку седум полицајци, а низ Еквадор се случија серија експлозии. Водачот на озлогласената криминална група Адолфо Масиас Виљамар, познат како Фито (44), кој меѓу другото е осомничен за убиство на претседателски кандидат во Еквадор, исчезна од затворот, по што властите прогласија.

Фито издржувал затворска казна од 12 години, но во неделата на 7 јануари чуварите забележале дека тој не е во ќелијата. Оттогаш трае потрагата по водачот на моќната мафијашка група Лос Чонерос, кој побегнал од ќелија во дел од затворот во Гвајакил кој би бил под специјален надзор.Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, кој ја презеде функцијата пред три месеци како најмлад претседател во историјата на земјата, прогласи вонредна состојба за период од 60 дена, која меѓу другото вклучува и привремена забрана за јавни собири и полициски час.