ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ПО СМРТТА НА НОВОРОДЕНЧЕТО ОД БИТОЛА

0
55

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница – Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката и нејзиното починато новороденче.

Новороденчето починало во саботата откако ден претходно било родено во Клиничката болница во Битола. Поради компликации било префрлено на Детската клиника во Скопје.

Семејството обвинува дека не биле известени на време за влошената здравствена состојба на бебето и дека не биле преземени навремено мерки за да се спаси нивниот син, кој починал по 30 часа од раѓањето.