ВОЗИЛО ПРОТИВ КОЕ Е ВО ПОТРАГА МВР ЧЕТИРИ ПАТИ СЕ ОБИДЕЛО ДА ГО ИСТУРКА ОД ПАТОТ ПЕТАР БОГОЈЕСКИ – БУНТУР НА РЕЛАЦИЈА КРИВОГАШТАНИ – ПРИЛЕП

0
2929

Од извори на МВР нашата редакција дознава дека полицијата во Прилеп е по потрага по две лица со возило мерцедес C220 сива боја со кој бил нападнат Петар Богојески – Бунтур од ,,Македонски Концепт”.

Според нашите извори напаѓачите во возилото се обиделе во четири наврати да го истуркаат од патот и да предизвикаат сообраќајка.

Прогонот на Богоевски започнало по излезот на општина Кривогаштани во правец накај Прилеп при што два обиди биле кај двата мостови од одводните канали, еднаш кај спортскиот аеродром во с.Коњари и потоа непосредно четвртиот пат пред влезот на градот Прилеп кај местото обележано како црната точка на патот кон градот.

Сеуште немаме информации дали се лицата пронајдени од страна на МВР.